И официјално: Енди Шмид е нов селектор на Швајцарија!

78

Швајцарската ракометна федерација и официјално потврди дека легендата на оваа земја Енди Шмид е новиот селектор на сениорската репрезентација. Тој по завршувањето на Европското првенство во Германија каде неговиот последен меч беше токму против Македонија одлучи да стави крај на својата 20-годишна кариера.

Договорот на Шмид стартува од 1. јули, но тој на селекторското место ќе дојде неколку месеци порано.

„Со нетрпение очекувам да можам да започнам како национален селектор на репрезентацијата во март“, рече Шмид.

Швајцарија за време на ЕХФ неделата во март ќе одигра пријателски меч против Данска, а додека во бараж мечот за место на СП 2025 година ќе ги одмери силите против Словенија. Тежок старт за легендата на оваа земја како предводник на најдобриот национален тим.

ПретходноКошаркарите и федерација му подготвија изненадување за Ненад Димитријевиќ (ФОТО)
СледноКошаркарите ќе играат пред полни трибини, билетите се распродадени!