Словенечкиот тим предводен од Тими Зајц и Домен Превц триумфираше на денешната скокалница во германски Оберсдорф. Словенија победи освојуваји 884,5 бодови, додека второто место му припадна на Норвешка предводена од дуото Кристофер Ериксен Сундал и Јохан Андре Форфанг со освоени 861,3 поени. Третото место е за Австрија и дуото Михаел Хајбек и Стефан Крафт со 855,7 поени.
Полјаците кои беа едни од фаворитите се пласираа на петтото место. Четвртото место му припадна на Јапонија, а шести беа Германците.
Ова е трет тимски натпревар на скокалниците оваа сезона во Светскиот куп и втора победа за Словенија. Првата ја остварија Ловро Кос и Анже Ланишек во Висла на 13 јануари, во Лејк Плесид на 10 февруари најдобри беа Австријците на чело со Хејбек и Крафт.
Во сабота и недела во Оберсдорф се индивидуалните скијачки скокови.