Фото вест: Захариевски почна да им црта во Воска – момци, вака ќе играме!

894

По малку неочекувано, ако се знае дека минатата година во два наврати ја одби  Воска,  Срѓан Захариевски од завчера и официјално е нов шеф на стручниот штаб на прволигашот од Охрид. Значи по цела година, откако доби отказ во Струга ТЛ, Срле повторно е во град и клуб покрај Охридското езеро.

Тој веднаш се зафати со работа, а уште на првиот тренинг со играчите тој застана покрај една табла на теренот и почна да им црта на своите избраници, веројатно сакаше де го каже следното-момци вака ќе играме.

Инаку своето деби на клупата на Воска, Захариевски ќе го има во недела и тоа свој терен и тоа против “неговиот“ Силекс, и тоа против Александар Васоски, неговиот голем пријател со кого заедно играа во Вардар, но и во репрезентацијата на Македонија.

ПретходноСветислав Пешиќ ќе го води новиот евролигаш од Дубаи
СледноПотег за поздрав: Сите приходи од продадените билети, КФСМ ќе ги донира за лекување на Леонид