Поранешниот француски репрезентативци и освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема одлучи да ги прекина гласините и да ги демантира сите оние што велат дека ќе се врати во Европа поради тоа што бил незадоволен од Саудиска Арабија или затоа што се спречкал со тренерот и раководството на клубот.
„Приказната за мое заминување е лажна. Среќен сум во Саудиска Арабија. Немам проблеми со Гаљардо, а сите кои велат дека сакам да се вратам во Европа се лажговци. Немам проблем со никого, а што се однесува до моето отсуство, прашајте го тренерот“, изјави Бензема.
Французинот не беше во составот на Ал Итихад на првите три натпреавари во 2024 година, а во неделата одигра 70 минути во победата над Ал Рајан, а во четвртокот одигра цел меч во ЛШ по кој неговиот тим се пласира во четвртфиналето.