Во овој момент се игра дербито на колото меѓу ГРК Тиквеш и Вардар во рамките на плеј-офот. На одморот водеше домашниот тим со 11-10.
Кавадарчани уживаат во поддршката на своите фанови, а посебно гласни се „Лозари“, тие на секој можен начин се обидуваат да испровоцираат скопскиот тим, па на трибините во еден момент извадија шал на Пелистер, најголемата болка на „црвено-црните“ во изминатите година дена.
Дали тоа ќе биде доволно за да се урне Вардар вечерва ќе дознаеме во продолжение.