Нов “кикс“ на Хајдук и тоа кај Вараждин, тим кој денеска беше ослабен поради неиграњето на Македонецот Димитар Митровски поради пет жолти картони.
Сепак на овој меч, кој заврши 1:1, на теренот беше Александар Трајковски во дресот на Хајдук кој влезе во игра во 81.минута. Во судиското продолжение имаше шанса да му донесе победа на својот тим, но шутираше покрај голот на домашните.
Со овој бод тимот од Сплит на табелата во ХНЛ и натаму е втор, има бод помалку од лидерот Ријека, но и меч повеќе.