Мечот во Кавадарци со посебно внимание се следеше во Битола. Навивачите на актуелниот македонски првак вечерва ја добија најубавата вест, Вардар беше поразен од ГРК Тиквеш на гостински терен. Ова значи дека Пелистер пред мечот со ГРК Охрид, кој се игра утре има четири бода повеќе од вечниот ривал, па со триумф оваа предност ќе се зголеми.
Од официјалната страница на „И моето дете ќе навива за Пелистер“ испратија честитики до ГРК Тиквеш и „Лозари“, но не заборавија да му фатат сеир на Вардар.
„Вардар не врви ниту во Кавадарци“.