Петков повикан во националниот тим за дуелот со Полска

175

Нашата најдобра кошаркарска селекција со една измена во играчкиот ростер ќе тргне кон Полска, каде во понеделник ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2025.

Селекторот Александар Јончевски мораше да направи една измена во играчкиот ростер.

Односно во комбинација за настап против домашната селекција, на средбата која на 26.февруари се игра во Сосновиец, да биде Марин Петков. Довчерашниот младински репрезентативец ќе го заземе местото на Лејсон Зеќири, кој по натпреварот со Естонците се пожалил на здравствени проблеми, поради кои не е во состојба да патува за Сосновиец.

Мечот се игра во понеделник од 18 часот.

Претходно„БОМБА“ ОД ХРВАТСКА – Лука Модриќ се враќа во Динамо Загреб!?
СледноБаерн нема право на грешка, со пораз од Лајпциг ќе изедначи рекорд од 1991 година