Аларм во Јунајтед – се повреди најдобриот стрелец

120

Данскиот напаѓач во Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд се повреди и ќе отсуствува неколку недели. Викендов „Црвените ѓаволи“ ќе играат против Фулам, а тренерот Ерик тен Хаг ќе мора да најде достојна замена за најдобриот стрелец во тимот сезонава. Младиот играч стигна до 13 погодоци сезонава.
Тој ќе ги пропушти мечевите со Фулам, Нотингем Форест, Манчестер Сити, Евертон и веројатно Шефилд Јунајтед.
Дали сме ограничени на Расмус? Не, тука се Гарначо, Рашфорд, Мектоминеј. Гарначо исто така постигнува многу голови – седум оваа сезона мислам. Маркус Рашфорд исто така може да го направи тоа, но досега постигна само пет. Во нашите последни натпревари,напаѓачкиот ред е апсолутна закана за противникот.
Бруно исто така може да постигне гол. Она што ми дава самодоверба е што напаѓачкиот ред се подобрува. Есеноска не беше на висина на задачата, а сега се во многу добра форма.
Точно дека Хојлунд е важен играч, но не мислам дека беше главен на теренот“, изјави Хојлунд.

На прашањето зошто летоска клубот не купуваше напаѓачи, тој одговори.
Поради ограничувањата од ФФП не е така едноставно. Во составот го имаме повредениот Марсијал, тој исто така е на висока плата во клубот. Ако сакаме да купиме некого мораме да го тргнеме. Затоа мора да се внимава што се работи. Прилично наивно е да се мисли дека напаѓачот лесно се купува. Многу наивно. Напаѓачите не се евтини, а кога веќе имате тројца напаѓачи во тимот и земате четврти, тоа може да направи проблем кај другите“, додаде Холанѓанецот.

ПретходноВМФЛ: Пелистер како гостин во Битола игра против Новаци, Беса на гости кај Беласица
СледноРозе се обиде да објасни зошто Елмас не е стартер