Алкалоид дојде до третата победа во низа во плеј-офот, откако на гостувањето кај Струга славеше со 22-32 (10-15). Избраниците на Кирил Лазаров се зацврстија на врвот на табелата продолжувајќи ја својата перфектна низа од стартот на сезоната.
Дамјан Митев со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Џонов со пет погодоци исто колку и Кофисловски. На другата страна Младеновски имаше пет гола.
Домашниот тим беше рамноправен противник до 20 минута, кога македонскиот вицепрвак со серија од 1-9 поведе со 10-18 на стартот на второто полувреме. Оваа серија беше повеќе од доволна да се урне отпорот на противникот. Во продолжение, Алкалоид го наметна своето силни темпо и само ја зголемуваше предноста која беше двоцифрена, првата изнесуваше 15-25, па 19-31 пред крајот на натпреварот.
Претходно во рамките на плеј-аут лигата Куманово го совлада Скопје со 32-26.