Арсенал го декласираше Њукасл

250

Арсенал ја оправда фаворитската улога против Њукасл и ја вжешти трката за титулата во Премиер-лигата. Избраниците на Микаел Артета на домашен терен дојдоа до убедлива победа од 4-1 во рамките на 26-то коло во Премиер-лигата.

Мечот започна со автогол на Ботмен во 18 минута за 1-0, шест минути подоцна Хавертц зголеми на 2-0. Сака беше стрелецот на третиот гол за Арсенал во 65. минута, додека пак Кивор зголеми на 4-0.  Гостите единствениот гол го постигнаа во 84. минута преку Вилок.

Арсенал ја продолжува трката за првото место против Ливерпул и Манчестер Сити. По 26. коло има два бода помалку од лидерот Ливерпул, додека е на бод зад „граѓаните“.

ПретходноПокетино со молба до навивачите пред дуелот со Ливерпул
СледноАтлетико Мадрид киксираше против „фенерџијата“