Атлетико Мадрид киксираше против „фенерџијата“

182

Без повредените Гризман, Аспиликуета, Хименез, Атлетико Мадрид вечерва и гостуваше на последнопласираната Алмерија која игра се подобро, но се уште нема ниту една победа од стартот на сезоната во Ла Лига.

Јасно е дека гостите беа големи фаворити, но Алмерија остана непоразена иако Атлетико двапати водеше. На крајот 2:2, само деветти бод за Алмерија во 26 одиграни кола, а Атлетико остана на четвртото место со 52 бода.

Гостите отворија преку Кореа во втората минута на натпреварот, но на другата страна Ромеро во 27-та минута израмни на 1-1, резултат со кој заврши првото полувреме. Во 57-та минута, Атлетико поведе со 1-2, стрелец на голот беше Де Паул. Исто како претходно, Ромеро успеа да израмни на 2-2.

ПретходноАрсенал го декласираше Њукасл
СледноВо француската Лига 1 – фудбалер заврши во кома по дуел со противник