Баерн Минхен го слави Кејн, Елмас влезе во финишот

700

Баерн Минхен успеа да се извлече во самиот финиш на дуелот против Лјапциг за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. По серијата лоши резултати, баварскиот гигант се чинеше дека е на чекор до нов срам, но Кејн со вториот погодок на овој меч во 90+1 го врати водството (2-1). Ова на крајот беше конечниот резултат на мечот од 23. коло во Бундес-лигата.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој влезе во 87 минута.

Инаку, Кејн во 56 минута донесе водство од 1-0, но Шешко во 70 минута израмни на 1-1.

По 23. коло, лидерот на табелата Баер Леверкузен има предност од осум бода пред Баерн Минхен.

Претходно„Лозари“ со провокација до Вардар, извадија шал на Пелистер!
Следно„Минималец“ за Сити за продолжување на битката за титулата (ВИДЕО)