Баер Леверкузен е на врвот на табелата во Бундес лигата со 11 поени предност во однос на најблискиот конкурент Баерн Минхен. А актуелниот шампион од Минхен нема право на грешка на својот меч денеска (18:30 часот) против незгодниот РБ Лајпциг.
Баерн има три порази по ред, од Леверкузен (3:0), од Лацио (1:0) и од Бохум (3:2). Тоа им се случува првпат по мај 2015 година, а во случај на пораз од Лајпциг ќе имаат четири порази по ред, нешто што не му се случило од есента 1991 година кога со тимот работеа Јуп Хејнкес и Сорен Лерби.
Пред Баерн е тешка задача. Ниту еден тим не успеал да стане шампион кога во оваа фаза од Бундес лигата имал негатива од осум бодови. Моментално разликата изнесува 11!
Во меѓусебните дуели, Лајпциг не изгубил ниту еден од последните четири мечеви против Баерн (во сите натпреварувања). Две ремија дома и две победи во Минхен.
Дома Меѓународен фудбал Германија Баерн нема право на грешка, со пораз од Лајпциг ќе изедначи рекорд...