ВМФЛ: Пелистер како гостин во Битола игра против Новаци, Беса на гости кај Беласица

476

 

Попладнево во 14 часот ќе се одиграат седум мечеви од 17.коло во ВМФЛ. Нема да има класично дерби, но сепак ќе биде интересно. Интересно ќе биде и поради фактот дека во Битола тимот на Пелистер на својот стадион “Петар Милошевски“ ќе му биде гостин на Новаци. Тоа значи дека битолчани на својот стадион ќе бидат гости.

Лидерот Беса ќе гостува кај Беласица, незгодно гостување за тимот од Добри Дол, но сепак момците на стратегот Таневски се големи фаворити. Детонит игра дома и тоа против Скопје, ете шанса за овој тим колку толку да се “испере“ од онаа бламажа минатиот викенд во Неготино.

На останатите мечеви се среќаваат Саса – Арсими, Кожув – Вардар (Н), Осогово – Тетекс и Победа –Башкими.

Утре во Струга во последниот меч од ова кола се среќаваат Караорман и Охрид, значи ќе се одигра „Езерското дерби“.

ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Беласица – Беса

Детонит – Скопје

Саса – Арсими

Кожув – Вардар (Н)
Новаци – Пелистер

Осогово – Тетекс

Победа – Башкими

НЕДЕЛА (14 Ч)

Караорман – Охрид

ТАБЕЛА

Беса 43, Пелистер 36, Детонит 35, Арсими 26, Скопје 24, Кожув 23, Охрид 23, Новаци 22, Вардар (Н) 21, Башкими 21, Беласица 20, Тетекс 19, Победа 16, Караорман 14, Осогово 12, Саса 8 бодови..

ПретходноТухел: Не сум само јас проблемот во Баерн
СледноАларм во Јунајтед – се повреди најдобриот стрелец