Голема победа за ГРК Тиквеш, Вардар падна во Кавадарци

579

ГРК Тиквеш и Вардар одиграа доста интересен натпревар, кој на крајот му припадна на домашниот тим, славеше голема победа од 22-20 во дербито на третото коло во плеј-офот во Супер-лигата. Ова е нов удар за „црвено-црните“ во трката за титулата, бидејќи паднаа на петтото место на табелата, а кавадарчани се искачија на четвртото место.

Обина беше лидер кај победникот со седум гола, зад него беше Темелкоски со четири погодоци. На другата страна Ѓукиќ и Срдановиќ запишаа по пет погодоци.

Кавадарчани отворија со 3-1, но на другата страна следеше одговор на гостите од 4-0 за превземање на водството 3-5. По новите плус два за Вардар, домашниот тим успеа да израмни на 6-6, а потоа мечот влезе во изедначена битка. Пред самиот крај ГРК Тиквеш успеа да поведе со 11-9, по што Вардар со голот на Лазаревски намали на 11-10 за нови возбудувања во второто полувреме.

Во 40. минута, ГРК Тиквеш остана со двајца играчи помалку, Вардар не успеа да „ќари“ иако имаше шанса. Изедначената битка продолжи, Тиквеш со головите на Мајиќ и Симиќ поведе со 17-15 во 47 минута. Домаќинот имаше шанса да дојде до плус три, но не ја искористи, па на другата страна Вардар успеа да намали на 17-16.

На нецели пет минути до крајот, кавадарчани ги казнија грешките на противникот, Обина зголеми на 21-18. Томовски беше одличен на голот на Вардар, но неговиот тим не беше на ниво на задачата, успеа да доближи на 21-19, но не и да искористи неколку напади за целосно враќање на мечот.

Велков запиша важна одбрана на на минута до крајот, а Стефановиќ стави печат на победата за 22-19. На другата страна Вардар успеа да намали на два гола разлика.

Претходно Пролет му нанесе нов удар на Бутел Скопје го совлада со 20-18. Додека пак во плеј-аут лигата Пелистер 2 беше поразен од Вардар Неготивно со 24-23, додека пак Прилеп славеше против Мулти Есенс со 34-31.

Претходно„Минималец“ за Сити за продолжување на битката за титулата (ВИДЕО)
СледноОд Битола стигнаа честитки за „Лозари“ и ГРК Тиквеш, но и сеир за Вардар