Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ имаше 29 поени, 15 скокови и 14 асистенции во победата на Денвер Нагетс над Портланд Трејл блејзерс од 127:112 во НБА лигата. Портланд водеше со пет поени разлика во воведниот дел, но Денвер го контролираше резултатот во поголемиот дел благодарение на одличните шутерски способности на своите играчи. Па така освен Јокиќ, ефикасен беше и Мајкл Портер со 34 поени и 12 скокови, а Колин Гилеспи ги погоди сите свои четири обиди за три поени како резервен играч, а мечот го заврши со 18 поени.
Кај Трејл-блејзерс, Џереми Грант постигна 25 поени.
Јокиќ го реализираше 17. трипл-дабл сеонава, а вкупно 138 во НБА кариерата па така се изедначи со Леброн Џејмс на четвртото место на вечната лига. Пред нив се Расел Весбрук (210), Оскар Робертсон (189) и Меџик Џонсон (168).
До крајот на регуларниот дел од сезоната Нагетс ќе води жестока битка со Оклахома, Минесота и Клиперс за лидерската позиција на Западот. Моментално Денвер е четврти со скор од 38-19.
РЕЗУЛТАТИ
АТЛАНТА – ТОРОНТО 121:123
ФИЛАДЕЛФИЈА – КЛИВЛЕНД 104:97
ХЈУСТОН – ФЕНИКС 114:110
МЕМФИС – Л.А. КЛИПЕРС 95:101
ЊУ ОРЛЕАНС – МАЈАМИ 95:106
ОКЛАХОМА – ВАШИНГТОН 147:106
ГОЛДЕН СТЕЈТ – ШАРЛОТ 97:84
МИНЕСОТА – МИЛВОКИ 107:112
ПОРТЛАНД – ДЕНВЕР 112:127
Л.А.ЛЕЈКЕРС – САН АНТОНИО 123:118