Нагелсман откри дека татко му се самоубил и ги кажа причините поради тоа

1413

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман (36) за „Дер Шпигел“ откри детали од својот живот и зборуваше за смртта на неговиот татко Ервин кој извршил самоубиство кога тренерот имал само 20 години.
Често размислувам за тој ден. Татко ми не остави порака за самоубиство, немаше објаснување. Но начинот на кој си го одзеде животот ни даде до знаење дека неговата одлука била јјасна. За нас како фамилија тоа е апсолутно неприфатливо, меѓутоа ми помогна да дознаам дека тој навистина сакал да умре и дека тоа не било повик за помош или сигнал. Мислам дека морам да ја почитувам неговата одлука“, изјави Германецот.

Нагелсман објасни и зошто неговиот татко одлучил да се самоубие, тврдејќи дека не можел да го издржи притисокот. Поголем дел од младоста Јулијан верувал дека татко му е војни, а во тинејџерските години дознал дека е оперативец на германската сојузна разузнувачка служба и дека работи како таен агент.
Мислам дека тоа било комбинација од оптеретување и општата состојба. Очигледно дека бил под професионален притисок. Татко ми работеше во разузнавачката служба. Не смеел да зборува за својата работа. Тоа беше и причината поради која често велеше дека му е преку глава. Тој беше многу храбра личност“, откри Нагелсман.

Нагелсман на млади години, уште во 30-тите години постигна успеси како тренер во Бундес лигата. Со Хофенхајм заврши четврти на табелата во 2017 година, потоа го освои Купот на Германија со Лајпциг, а титула во Бундес и два Купа со Баерн. Од минатата година е селектор на Германија.

ПретходноТупаници на НБА натпревар – исклучени четворица играчи (видео)
СледноПМФЛ: Струга ТЛ VS Шкупи, мега – пресметка за врвот!