Неверојатно: Ако Мбапе како играч на Реал ја освои „Златната топка“ ќе добие бонус од 15 милиони евра!

164

Сагата е при крај. Сиот фудбалски свет едвај чека да дојде мај – јуни за да и официјално се случи трансферот на 21.век. А тоа е Килијан Мбапе да стане член на Реал Мадрид.

Според светските медиуми се е договорено, но јасно е дека Мбапе нема да зема годишна плата како во ПСЖ.

Но затоа ќе има баснословни бонуси како на пример 150 милиони евра само за потпис.

Ќе има и други бонуси, но еден и интересен.

Имено ако Мбапе како играч на Реал ја освои “Златната топка“ тогаш од “кралевите“ ќе добие бонус од 15 милиони евра.

Само за компарација, кога Бензема ја освои оваа награда доби само 1 милион евра од Реал Мадрид.

ПретходноСтив Кер го доби најголемиот договор во историјата на НБА!
СледноПолувреме во Струга: Иљази му одбрани пенал на Ибраими, мрежите мируваат на мега – дербито!