ПМФЛ: Спектакл во Струга, шампионот двапати водеше, Шкупи двапати израмнуваше за конечни 2:2!

615

Струга ТЛ – Шкупи 2:2 е епилогот од мега – дербито во ПМФЛ во меч од 20.коло во тековната сезона. Фантастично, спектакуларно дерби, фудбал за уживање, посебно ако се знае дека се играше по тешкиот терен на Градскиот стадион во Струга.

Стрелци за Струга ТЛ за 1:0 2:1 беа Шабани и Радески, а за Шкупи срелци беа Гронер и Руватубјае. Шампионот двапати водеше, гостте двапати израмнуваа. Струга ТЛ не искористи и пенал, а ја погоди и пречката во финишот.

Сега по овој меч Шкупи го задрж првото место на табелата со 42 бода, додека Струга ТЛ е втора со 41 бод, трета е Шкендија со 38 бодови и меч помалку.

Инаку ова дерби започна со идеална шанса за шампионот да поведе и тоа уште во 3.минута. Имено голманот на гостите Артан Иљази во 2.минута го собори Буњамин Шабани во својот казнет простор. Сепак Бесарт Ибраими не успеа да ја затресе мрежата, Иљази со фантастична парада го спаси својот гол.

Струга ТЛ беше таа што инсистираше на игра, на акции, па така во првиот дел од мечот и тоа како се заканија Камбери во 23. и Радески во 42.минута, но немаше гол, па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Второто полувреме шампионот го започна исто агресивно, целта беше да се постине што побрз гол. Но чаирчани брзо го неутрализираа тоа темпо на Струга ТЛ.

Но сепак водство на Струга ТЛ од 1:0 и тоа во 54.минута, кога одличната акција која ја започна Камбери, па Радески и на крај Ибраими со асистенција до Шабани за гол, за водство на шампионот, за еуфорија покрај Охридското езеро.

Две минути подоцна Тошевски за малку ќе се дадеше автогол, за малку ќе беше 2:0 за Струга ТЛ.

Во 58.минута Иљази го собори Ибраими во казнетиот простор, но сега судијата Пилешков не покажа на белата точка за домашните. Се чини дискутабилна одлука.

Шкупи почна да напаѓа, да реди акции, и Гронер во таа 66.минута израмнува на 1:1.

Како ли се играше во Струга, спектакуларно дерби, а шампионот преку Радески во 68.минута, со помош на Ибраими, одново носи водство за Струга ТЛ.

Сепак тоа не е се, Руватубјае со одличен шут од дистанца успеа да го совлада Ќосевски во 74.минута за 2:2.

Во 84.минута Радиќ ја погоди пречката на Иљази, за малку ќе беше 3:2.

На крај овој меч заврши со резултат 2:2.

Сите останати мечеви од ова 20.коло се играат утре со почеток од 14 часот.

ПретходноЛегендата се враќа на “Сантијаго Бернабеу“! Сите се прашуваат дали ќе се радува ако му даде гол на Реал!
СледноВМФЛ: Беса се “сопна“ во Струмица, Пелистер убедлив….