ПМФЛ: Струга ТЛ VS Шкупи, мега – пресметка за врвот!

181

 

Денеска во 14 часот во Струга, во рамките на 20.коло во ПМФЛ, се игра супер – дерби, силите ќе ги одмерат Струга ТЛ и Шкупи, шампионот против лидерот на табелата.Меч кој без разлика на се нема да биде решавачки во однос на титулата, тука е и Шкендија, но ако победи Шкупи тогаш ќе и избега на Струга ТЛ четири бода. Во случај на победа на шампионот, тогаш Струга ТЛ по само едно коло пауза ќе се врати на лидерската позиција.

Секако дека ќе има многу тактизирање, тренерите Дуро и Жижовиќ и тоа како си ја знаат работите, ќе бараат стриктно извршување на задачите од своите играчи. На вакви мечеви само така може да се победи. Ибраими и Радески проти одбраната на лидерот, но и Гронер, Трапановски и Воша против одбраната на шампионот. Во секој случај тоа ќе биде голема, голема пресметка.Меч за оние вистински фудбалски сладокусци и фанови.

Интересно.Бесарт Ибраими денеска ќе го одигра 23.натпревар против Шкупи, најмногу против еден тим во нашата ПМФЛ. Бесарт денеска го посакува и својот 18-ти гол против Шкупи, исто така најмногу во својата кариера против еден тим.

Што се однесува до традицијата, ова ќе биде нивни 15 меѓусебен меч. Струга ТЛ има нешто подобар биланс, една победа повеќе и тоа 6. Чаирчани имаат 5 победи и три ремија. На последните дуели, четири, по две победи и на двете екипи, и тоа на домашен терен.

Дали ова нешто значи ако знаеме дека денеска шампионот е домаќин, ќе видиме околу 16 часот.

Да кажеме дека сите останати мечеви од 20.коло се играат утре со почеток од 14 часот.

ПретходноНагелсман откри дека татко му се самоубил и ги кажа причините поради тоа
СледноТухел: Не сум само јас проблемот во Баерн