Розе се обиде да објасни зошто Елмас не е стартер

3648

РБ Лајпциг денеска со почеток од 18:30 часот ќе игра на „Алијанц арената“ против Баерн Минхен. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас ќе биде во тимот на Лајпциг, но, според зборовите на тренерот Марко Розе, малку веројатно е дека ќе биде стартер. Значи повторно ќе ја чека својата шанса од клупата, а може и да не настапи воопшто како на претходниот меч со Менхенгладбах.

Зимското засилување имаше шест кратки настапи (нула голови), а се уште нема заиграно од првата минута. Росе се обиде да ја разјасни ситуацијата.
Видете, не е лесно кога ќе дојдете овде во зимскиот преоден рок, а пред себе имате сериозна задача“, изјави Росе за Елмас кој дојде во тимот за да го замени Емил Форсберг кој замина во американската МЛС.

Елмас е стратегиски добар фудбалер. Може да ја забрза играта, може да ја забави. Сепак, мора да поработи на своите должности на секој дел од теренот, да ја разбере позицијата во постигнување на голови, како и клучните додавања во нападот. Тој го има тоа познавање од Наполи, но треба да се поврзе со овој тим“, додаде Розе алудирајќи на тоа дека на Елиф му треба време за приспособување.

ПретходноАларм во Јунајтед – се повреди најдобриот стрелец
СледноЃуроски: Сами сме виновни за поразот!