Стив Кер го доби најголемиот договор во историјата на НБА!

605

Голден Стејт потврди дека успеал да се договори со својот тренер Стив Кер за продолжување на договорот на уште две години. Овој нов договор е најголемиот во историјата на НБА. Имено Кер ќе биде платен за тие две сезони 35 милиони долари или 17,5 милиони долари по сезона.

Досега никој од тренерите немал поголема годишна плата во историјата на НБА.

Кер досега имаше четврти најголем договор годишно. Пред него беа Грег Поповиќ – Сан Антонио (16 милиони), Ерик Сполстра – Мајами (15 милиони) и Монти Вилијамс – Детроит (13,1 милиони).

ПретходноАлкалоид по бодови во Струга, Вардар на „жешкиот“ терен во Кавадарци!
СледноНеверојатно: Ако Мбапе како играч на Реал ја освои „Златната топка“ ќе добие бонус од 15 милиони евра!