Шпетим Дуро: Жалам што не победивме, имам резерва за тоа дека имаше и втор пенал за Струга ТЛ!

551

Струга ТЛ и во вториот меч од пролетниот дел не успеа да победи. По ремито на гости кај Работнички, денеска во супер – дербито, во фантастичен меч, шампионот одигра 2:2 против Шкупи.

За тоа како го виде овој натпревар, свој коментар има Шпетим Дуро, стратегот на шампионот:

“Жалам што не победивме, според мене требаше да биде 2:0 за нас. Ама, ете, поради грешките во одбраната ова дерби заврши без победник 2:2. Доминиравме во сите аспекти, инаку јас имам резерва за тоа дека имаше и втор пенал за нас кој сепак не беше досуден од страна на судијата по стартот на гостинскиот голман врз Ибраими. Сепак одлуката на судијата беше поинаква“ посочи Дуро.

Инаку Струга ТЛ уште во 3.минута преку Ибраими не успеа да реализира удар од белата точка.

За тоа како понатаму Дуро потенцираше:

Борбата за титулата ќе биде отвиорена до крајот на првенството“.

ПретходноКазахстанскиот Аксу е новиот клуб на Мишов!
СледноСпалети забрани Плејстешн: Одиме на ЕП да ја освоиме титулата а не да играме “игрици“!