Покетино со молба до навивачите пред дуелот со Ливерпул

327

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино ги замоли своите навивачи да не го судат според бројот на трофеи, во пресрет на финалето од Лига купот против Ливерпул, во кое неговиот тим ќе се обиде да го освои првиот домашен трофеј по шест години.

“Мислам дека тоа не е начин да се судат тренерите. Се работи за конкурентност и победа, но има премногу фактори кои влегуваат во игра. Мислам дека победата во недела нема да ја зголеми мојата популарност или начинот на кој навивачите ќе не гледаат “, изјави Покетино, пренесе Би-Би-Си.

Во недела од 16:00 часот на Вембли во Лондон во финалето на Лига купот ќе играат Челзи и Ливерпул.

Лондонскиот клуб последен пат освои домашен трофеј во 2018 година, кога триумфираше во ФА Купот, но оттогаш освои четири титули на меѓународно ниво.

Аргентинецот летово го презеде Челзи и ќе се обиде да го освои својот прв трофеј во Англија, по неговиот мандат во Саутемптон и Тотенхем.

Како пример за своето тврдење, Покетино го наведе тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, велејќи дека на угледот на германскиот стручњак не влијаело тоа што речиси четири години го чекал трофејот на „Енфилд“.

„Клоп беше добар пред да пристигне во Ливерпул. Сега ја освои Лигата на шампионите и Премиер лигата. Поентата е да се биде во вистинско време во вистинскиот клуб кој верува во тебе, со способност и одговорност да победи“, рече. тренерот на Челзи.

ПретходноСпалети забрани Плејстешн: Одиме на ЕП да ја освоиме титулата а не да играме “игрици“!
СледноАрсенал го декласираше Њукасл