Ѓуроски: Сами сме виновни за поразот!

475

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска се целосно се врти кон мечот со Полска, втор во квалификациите за пласман ЕП 2025 година. За жал во Сосновиец, Александар Јончевски и неговите момци по поразот од Естонија на домашен терен заминуваат со горчина, имаа шанса да отворат победнички, но паднаа во најважните моменти.

Стојан Ѓуроски, еден од поискусните кошаркари во нашиот национален состав вели дека таа „кобна“ третата четвртина противникот ја променил одбраната, а истовремено „црвено-жолтите“ не погодиле отворени шутеви.

„Го имавме мечот, самите го изгубивме овој натпревар. Одигравме физички многу добро, знаевме дека Естонија е многу силна на овој план, одговоривме на нивната агресивност. Немаше да биде незаслужено да го добиевме овој меч. Одиме понатаму, да пробаме да ја изненадиме Полска“, вели Стојан Ѓуроски.

Во третата четвртина целосно се промени сликата, а како клуч за подобрата игра на Естонија ја гледа нивната промена на одбраната.

„Ништо конкретно не се случи, ја сменија во одбраната, не знаевме да одговоривме веднаш. Ја сменија тактиката, тоа беше клучот. Во третата четвртина имавме шанса, но не погодивме отворени шутеви“, ни изјави Ѓуроски, кој мечот го заврши со 10 поени.

Македонија вториот меч го игра во понеделник со почеток во 18 часот.

ПретходноРозе се обиде да објасни зошто Елмас не е стартер
Следно„БОМБА“ ОД ХРВАТСКА – Лука Модриќ се враќа во Динамо Загреб!?