Бугарите прередија сензација, го победија светскиот шампион

1642

Актуелниот светски шампион во кошарка, селекцијата на Германија беше поразена од Бугарија на гости во квалификациите за Европското првенство со резултат 67:62.

Натпреварот започна со серија 19:4 за Германија и се чинеше како актуелните светски шампиони одат сигурно кон победата. Домашниот тим одговори со серија од 16:0. Од моментот кога поведоа, Бугарија успеваше да ја одржи предноста и на крајот дојде до голема победа.

Коди Милер Мекинтајр, поранешниот кошаркар на Партизан, беше најефикасен на натпреварот со 23 поени, а Захариев со 15 поени и четири украдени топки беше втор стрелец.

Кај Германците се истакна Оскар да Силва со 15 поени, а Јонас Матишек мечот го заврши со 11 поени.

Бугарија и Германија се во група со Шведска и Црна Гора.

ПретходноПонитка се врати во Белград, утре нема да игра против Македонија
СледноОхрид добро се држеше, Е. Пелистер на крајот дојде до победа