Воска Спорт со реакција: Судијата Тефику во неколку наврати не оштети (ВИДЕО)

800

По денешното реми со Силекс (0:0) во 20-то коло во Првата македонска фудбалска лига, од Воска Спорт излегоа со реакција за судењето на мечот во Охрид. Според домашните, главниот судија на натпреварот, Тефику во неколку наврати ги оштетил домашните.

„Одлуките на кумановарскиот судијата и неговите помошници Мартин Дејановски и Александар Ѓурковски сериозно му наштетија на нашиот тим. Во следниот материјал споделивме дел од моментите кога нашиот тим беше директно оштетен“, се вели во реакцијата на Воска Спорт.

1-Првично во 11-тата минута нашиот фудбалер Шаркоски доживеа тешка повреда со скршена вилица, но судијата не досуди пенал.

2- На крајот од првото полувреме, сме ускратени за чист гол, каде што топката јасно се гледа како ја преминува гол-линијата.

3-Јахја во 54. минута е сободен во шеснаесетникот, но Тефику не досуди пенал.

4-Во 59-тата минута ни е ускратена акција поради „офсајд позиција“!

ПретходноЗасилениот Работнички им се врати на победите, Струмица не застанува
СледноСасуоло му врачи отказ на тренерот Диониси