Засилениот Работнички им се врати на победите, Струмица не застанува

281

Шампионот во женска конкуренција, Работнички, извојува многу важна победа на дербито од 2. коло во втората фаза од домашниот шампионат во плеј-оф зоната. На домашен терен беше совладан тимот на Наковски Волеј со 3:0, со што шампионките ја остварија деветтата сезонска победа.

Лидерот и досега непоразен состав, Струмица, продолжи во ист ритам, иако дозволи да загуби сет на мечот со Јанта Волеј на домашен терен. Струмичанки славеа со 3:1 и остануваа цврсто на лидерското место.

Во плеј-аут зоната, во ова коло сигурно победи за Вардар ЕМ и Фит Фан Волеј.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 2-ро коло

Работнички Скопје – Наковски волеј              3:0 (25:9, 25:22, 25:22)

Стррумица жени – Јанта волеј                       3:1 (25:22, 25:27, 25:14, 25:14)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (46); 2. Јанта Волеј (30); 3. Наковски В. (29); 4. Работнички (29).

Прва лига (жени), Втора фаза-2, 2-ро коло

Вардар жени – Вардар ЕМ                            0:3 (9:25, 11:25, 11:25)

Фит фан волеј – Младост УГД                        3:0 (25:17, 25:23, 25:18)

ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (25); 2. Младост УДГ (17); 3. Вардар ЕМ (10); 4. Вардар 2019 (0).

ПретходноЧелзи е тотален анти-рекордер: Загуби шест куп-финалиња по ред!
СледноВоска Спорт со реакција: Судијата Тефику во неколку наврати не оштети (ВИДЕО)