Интер се враќа со уште една убедлива победа од гостувањето кај Лече. Вечерва фудбалерите на Симоне Инзаги славеа на „Виа дел Маре“ со 4:0.
Инзаги почна со неколку промени во тимот, но и тоа не беше причина Интер да ја потврди доминацијата. Шансата дефинитивно ја искористија Давиде Фратези и Кристијан Аслани, а одличен меч одиграа и Алексис Санчез и Стивен де Врај.
Лаутаро во 15. минута го доведе Интер во водство од 1:0 (ВИДЕО), а во вториот дел победата ја потврдија Фратези (54’), Мартинез (56’) и Де Врај (68’).