Канадски тинејџер го собори светскиот рекорд на 400 метри во сала (ВИДЕО)

78

Канадскиот тинејџер Кристофер Моралес Вилијамс (19) го собори светскиот рекорд на 400 метри во сала, победувајќи на универзитетскиот натпревар во атлетика во Фајевил, Арканзас.

Вилијамс истрча време од 44,49 секунди, осум стотинки побрзо од Американецот Керон Клемент, кој го држеше светскиот рекорд од март 2005 година.

Студентот од Универзитетот во Џорџија истрча речиси една секунда побрзо од неговото претходно најдобро време.

ПретходноСрамно однесување на навивачите на Ријека: Го нападнале Адеми и неговото семејство
СледноПокетино: Не можеме да се мериме со Ливерпул, ние сме млад тим