Модриќ му донесе нова победа на Реал (ВИДЕО)

775

Фудбалерите на Реал Мадрид остварија нова победа во шпанската Ла Лига откако вечерва со 1:0 ја победија екипата на Севиља. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лука Модриќ во 81-та минута.

Реал долго време се мачеше да ја пробие дефанзивната линија која ја поставија гостинските фудбалери на чело со Серхио Рамос, но сепак стариот мајстор Модриќ му донесе на Реал многу важни три бода во трката за титулата. Мечот на Сантиаго Бернабеу го исполнија неколку контроверзни одлуки на судијата Диаз де Мера кој му поништи погодок на Реал во 10-тата минута.

Судиските одлуки предизвикаа тензија на теренот која донесе неколку жолти картони на двете страни. Со оваа победа Реал остана на првата позиција со освоени 65 бода, 8 повеќе од Барселона која е на втората позиција.

ПретходноЏабе евро-голот на Леао, Аталанта извади реми на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
СледноПоради снегот откажан и вториот супервелеслалом во Италија