Невил: Децата на Ливерпул победија губитници кои тежат милијарди фунти!

2746

Гери Невил во својство на аналитичар го критикуваше настапот на Челзи во финалето на Лига купот против Ливерпул и поразот во продолженијата.

„Во дополнителното време, децата на Клоп играа против губитници кои тежат милијарди фунти. Ливерпул едноставно беше одличен. Овие млади играчи беа неверојатни. Клоп треба да биде многу горд. Но, немам ни капка симпатии за Челзи. Играчите на Покетино едноставно колабираа прфед нашите очи и пред очите на нивните навивачи“, изјави поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед.

ПретходноСасуоло му врачи отказ на тренерот Диониси
СледноСрамно однесување на навивачите на Ријека: Го нападнале Адеми и неговото семејство