ПМФЛ: Шкендија го дочекува Гостивар, Захариевски VS Васоски во Охрид, Тиквеш против Работнички, Брера во Турново со “лавовите“

201

 

Попладнево од 14 часот се играат пет средби од 20.коло во ПМФЛ. Вчера во супер – дербито, во фантастичен меч за наши услови Струга ТЛ и Шкупи одиграа без победник, 2:2.

Во дербито на дното Вардар ја дочекува Брегалница, а интересно секако дека ќе биде и на останатите мечеви, пред се под Шара каде што Шкендија го дочекува Гостивар. Гостите не знаат за пораз во ПМФЛ од 19 септември, но тетовци оваа пролет најавуваат жестока битка за титулата и ако некој може да го совлада Гостивар тоа секако дека е тимот на стратегот Јетон Беќири кој ќе ја има поддршката и од своте фанови. Тотре и Дита поради суспензија нема да бидат во тимот, но затоа Адили се враќа во составот.

Брера Струмица како домаќин во Турново ќе го дочека составот на Македонија ЃП. Со победа струмичани и тоа како ќе ја избегнат најопасната зона во битката за опстанок, а ќе ги втурнат “лавовите“ кон фенерџиската позиција.

May be an image of 4 people, people playing soccer and people playing football

Во Кавадарци очекуваме од Тиквеш и Работнички да одиграат квалитетен и интересен натпревар, веројатно и неизвесен. И Мојсов и Седлоски ќе ја бркаат првата победа оваа полусезона.

Во Охрид дуел меѓу Воска и Силекс. Дуел меѓу стратезите Срѓан Захариевски, кој ќе дебитира за охриѓани и Александар Васоски кој ја чека својата деби победа за кратовци.

 ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Шкендија – Гостивар

Брера – Македонија ЃП

Тиквеш – Работнички

Вардар- Брегалница

Воска – Силекс

ВЧЕРА:

Струга ТЛ- Шкупи 2:2

ТАБЕЛА:

Шкупи 42, Струга ТЛ 41, Шкендија 38, Силекс 27, Гостивар 25, Работнички 24, Брера 23, Тиквеш 22, Брегалница 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Вардар 18

ПретходноЛига куп финале: Ливерпул оди по 10-тиот трофеј, Челзи по шестиот
СледноСпалети забранил плејстејшн: Фудбалерите треба да победат на ЕП, а не на Кол оф дјути