Понитка се врати во Белград, утре нема да игра против Македонија

216

Кошаркарската репрезентација на Полска за утрешниот дуел со Македонија ќе биде без Матеуш Понитка. Тој мора да се врати во белградски Партизан, затоа што тренерот на белградските „црно-бели“ не се согласил тој да остане во национаниот тим и за вториот натпревар против Македонија.

Веста ја потврди селекторот на Полска, Игор Миличиќ. Во четвртокот, Полјаците загубија во Вилнус од Литванија, ослабени поради неколку ѕвезди во тимот. Утрешниот дуел со Македонија се игра од 18 часот.

ПретходноАко не успее да го добие Чаби Алонсо раководството на Ливерпул веќе има две алтернативи!
СледноБугарите прередија сензација, го победија светскиот шампион