Ристовски пред дуелот со Брегалница: Вардар ги посакува трите бода, одиме на победа!

190

По ремито со Гостивар минатиот викенд, денеска, со почеток од 14 часот, на “Борис Трајковски“ во скопско Маџари, Вардар како домаќин во дербито на дното ја дочекува Брегалница. Секако дека бодовите и за двете екипи се од витално значење од овој меч од 20.коло во ПМФЛ.

Марјан Ристовски – Швајц пред денешниот меч со штипјани има свој коментар:

“Играме за првпат оваа пролетна полусезона пред домашната публика. Се надевам дека атмосферата ќе биде одлична, дека трибината ќе биде полна и дека носени од поддршката на нашите навивачи ќе дојдеме до трите бода, тоа се нашите посакувања и нашата цел. Вардар оди на победа, а тоа се моите очекувања, победа и само победа. Верувам дека не 100% туку ќе дадеме 200% од себе за да стигнеме до целта“ изјави офанзивецот на Вардар.

ПретходноЈунајтед поразен – Тен Хаг порачува: Покажавме карактер, одиме во добра насока
СледноЛига куп финале: Ливерпул оди по 10-тиот трофеј, Челзи по шестиот