Ако не успее да го добие Чаби Алонсо раководството на Ливерпул веќе има две алтернативи!

1797

Јирген Клоп веќе најави дека по завршување на тековната сезона ќе си оди од „Енфилд“. Тоа е дефинитивно, па така сега челниците на Ливерпул посакуваат за негов наследник да го назначат Чаби Алонсо, стратегот на Леверкузен, кој сега е убедливо најбараниот тренер во светот на фудбалот.

Познато е дека за него најсилен интерес пројавува Баерн Минхен, па така ако Ливерпул не успее да го ангажира тогаш ќе мора да се сврти кон двете алтернативи.

Првата е Јулиен Нагелсман, селекторот на Германија кој по завршувањето на ЕУРО 2024 ќе ја напушти функцијата, а втората е Рубен Аморим, сегашниот стратег на Спортинг Лисабон кој има договор со клубот до 2026. Ова значи дека “Редси“ би морале да платат отштета ако го сакаат Аморим.

Претходно„Десеткуваниот“ Ливерпул посилен од сите неправди: Ван Дајк за трофеј во Лига Купот (ВИДЕО)
СледноПонитка се врати во Белград, утре нема да игра против Македонија