Баерн се спрема на Чаби Алонсо да му понуди 23 милиони евра годишно!

326

И дефинитивно се знае дека Томас Тухел по завршување на сезоната ќе се оди од Баерн Минхен. Тука нема дилеми, па затоа уште сега раководството на “баварците“ се во потрага по нов стратег. Се разбира дека прв пик е Чаби Алонсо, тренерот која прави чуда со Баер Леверкузен.

Баерн Минхен не прашува за пари, па така има намера да му понуди вистинско богатство на Алонси, и тоа четири пати поголема годишна плата од таа што ја зема во Леверкузен.

Тоа би значело дека Чаби Алонсо ќе зема 23 милиони евра годишно, исто колку што зема Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

По Диего Симеоне, ова е втората најголема плата на некој тренер во европскиот фудбал.

ПретходноА роденден му беше: Тен Хаг го понижи Ентони!
СледноПријателска во Тбилиси: Нов убедлив пораз за избраничките на селекторот Изов!