„Десеткуваниот“ Ливерпул посилен од сите неправди: Ван Дајк за трофеј во Лига Купот (ВИДЕО)

977

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп по голема драма на „Вембли“ која траеше 120 минути. Во финалениот меч со Челзи, „десеткуваниот“ тим на Јирген Коп во чии редови во завршницата играа и четворица фудбалери од младинскиот тим со голот на Вирџил Ван Дајк во 118. минута славеа со 1:0.

Иако мечот не донесе погодоци, видовме исклучителна драма во регуларните 90 минути, и очајна судиска арбитража. Прво, еден контроверзен момент во 24. Минута, кога Каиседо непромислено, со отворен ѓон, стартуваше над Гравенберг, повредувајќи го играчот од средниот ред на Ливерпул, а судијата Кавана и помошниците во ВАР просторијата, на запрепастување на сите, одлучјаи да му простат, па дури ниту да го опоменат зо жот картон.

Во 32. минута Стерлинг ја затресе мрежата на својот поранешен клуб Ливерпул, но голот беше поништен поради офсајд. До крајот на првото полувреме немаше голови, но Гакпо ја погоди стативата на Челзи во 40. минута.

По еден час игра, судиите повторно во главна улога. Ливерпул постигна гол, стрелец по одличното нафрлање на Робертсон беше Ван Дијк. Навивачите на Ливерпул го прославија голот на својот капитен, а потоа интервенираше ВАР, кој процени дека Ендо е во офсајд, иако скоро и да не влијаеше на играта, па голот сепак беше поништен.

Во 69. минута Галагер ја погоди стативата, а истиот фудбалер пет минути пред крајот на мечо излезе сам пред Келехер, но голманот на Ливерпул уште еднаш излезе како победник.

По сите возбудувања, натпреварот отиде во продолженија, каде Клоп играше со четворица младинци во тимот, но во 118. минута и тоа не им пречеше на „црвените“ да погодат преку капитенот Ван Дајк и да се закитат со трофејот.

ПретходноМојсов: Ова е екстремно важна победа за Тиквеш!
СледноАко не успее да го добие Чаби Алонсо раководството на Ливерпул веќе има две алтернативи!