Вечерва на „Вембли“ (16:00 часот) Ливерпул и Челзи ќе играат за трофејот во Лига купот сега наречен како Карабао куп.
Победата на Ливерпул над Челзи во 2022 година означи и рекорд за „црвените“ од девет трофеја во Лига купот. Челзи е петкратен освојувач на трофејот, а последен пат во 2015 година по победата над Тотенхем со 2:0.
Тренерот на Челзи, Маурицио Покетино тогаш беше менаџер на Тотенхем, а сега од трет обид ќе проба да дојде до првиот трофеј во Лига купот.
Покетино има една победа во 13 дуели со колегата на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп.
Овие два ривали се соочија меѓу себе во финалето во 2022 година, а Ливерпул победи на пенали.
Во првенството Ливерпул игра одлично, лидери се на табелата исто така се во осминафиналето на Лига Европа и во петтата рунда од ФА купот.
Челзи кој игра топло-ладно ќе се обиде да стигне до првиот трофеј по шест години.
ПРОБЛЕМИ СО ПОВРЕДЕНИ ВО ДВЕТЕ ЕКИПИ – ДУРИ 20 ИГРАЧИ МОЖАТ ДА ГО ПРОПУШТАТ ФИНАЛЕТО
Ливерпул има проблеми во составот затоа што Мохамед Салах, Дарвин Нунез и Доминик Собослаи се повредени и неизвесно е кој од нив ќе заздрави за мечот. Вон стројот се Кертис Џонс, Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд и Диого Жота, Тијаго Алкантара, Стефан Бајчетиќ, Бен Доак па се очекува Клоп да испрати млади играчи на теренот.
Кај Челзи исто така состојбата не е добра. Вон стројот се Рис Џејмс, Тијаго Силва, Марк Кукуреља, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, Карни Чуквумека, Лесли Угочукву, Ромео Лавиа како и голманот Роберт Санчез.