Фудбалерите на Реал Мадрид остварија нова победа во шпанската Ла Лига откако вечерва со 1:0 ја победија екипата на Севиља. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лука Модриќ во 81-та минута.
Реал долго време се мачеше да ја пробие дефанзивната линија која ја поставија гостинските фудбалери на чело со Серхио Рамос, но сепак стариот мајстор Модриќ му донесе на Реал многу важни три бода во трката за титулата. Мечот на Сантиаго Бернабеу го исполнија неколку контроверзни одлуки на судијата Диаз де Мера кој му поништи погодок на Реал во 10-тата минута.
Судиските одлуки предизвикаа тензија на теренот која донесе неколку жолти картони на двете страни. Со оваа победа Реал остана на првата позиција со освоени 65 бода, 8 повеќе од Барселона која е на втората позиција.
Modric broke the door! Real Madrid is ahead 1-0!
pic.twitter.com/lniW6N9yss— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 25, 2024