Гери Невил во својство на аналитичар го критикуваше настапот на Челзи во финалето на Лига купот против Ливерпул и поразот во продолженијата.
„Во дополнителното време, децата на Клоп играа против губитници кои тежат милијарди фунти. Ливерпул едноставно беше одличен. Овие млади играчи беа неверојатни. Клоп треба да биде многу горд. Но, немам ни капка симпатии за Челзи. Играчите на Покетино едноставно колабираа прфед нашите очи и пред очите на нивните навивачи“, изјави поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед.