Шампионот Е. Пелистер славеше на домашен терен против екипата на Охрид со 31:27 во натпреварот од третото коло од плеј-офот на Суперлигата. Гостите прикажаа одлична игра и имаа егал прво полувреме, но добро се држеа и во поголемиот дел од второто полувреме на средбата.
Сепак, Е. Пелистер имаше добра завршница во која успеа да ја потврди новата победа. Филип Кузмановски беше најефикасен со 9 гола, додека во составот на Охрид, Ојлески постигна 7 гола.