ПМФЛ: Вардар со стил до победа, Супер Брера, Кехинде ја шокираше Шкендија, убедлив Тиквеш, реми во Охрид! (ВИДЕО)

1582

Вардар во меч од 20.коло против Брегалница, кој се одигра по тешкиот терен за игра на Маџари, успеа со 2:0 да слави и со тоа да освои големи, големи три бода. Вардарци беа подобри, доминираа во речиси во текот на целиот меч, на време си постигнаа голови преку Алтипармаковски и Глишиќ и на задоволство на армијата негови фанови дојдоа до целта.

Брегалница бледа, се очекуваше далеку повеќе од „сините“.

Супер Брера, со ефектни 3:0 успеа да слави над Македонија ЃП. Фантастично ја отворија струмичани оваа есен, два меча и две победи без оримен гол. Цветаноски, Миловановиќ и Ивковиќ беа стрелците за Брера.

May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text that says '#SHKENDIJA Ecolos 17'

Уф, каков меч во Тетово. Шкендија имаше водство од 2:0 до 86.минута, а потоа Кехинде со два гола и двата од пенал успеа да му донесе на Гостивар големи 2:2 и со тоа да ја продолжи низата без порази која трае од 19 септември.

Тиквеш беше подобар од Работнички и успеа да слави со 2:0. Робертињо и Стојкоски, посебно овој вториот беше прекрасен, успеа да освои големи три бода.

И во Охрид, каде се сретнаа Воска и Силекс, во тренерскиот дуел на Захариевски и Васоски, во не така интересен меч резултатот на крајот беше 0:0.

Вчера во мега – дербито Струга ТЛ и Шкупи одиграа 2:2.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 20.КОЛО

БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:0

(Цветаноски 3., Миловановиќ 8., Ивковиќ 42./)

ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 2:2

(Шаља 37., 69./Кехинде (п) 86., (п) 90.)

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2:0

(Робертињо 17., Стојкоски 52./)

ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 2:0

(Алтипармаковски (п) 21., Глишиќ 24./)

ВОСКА – ОХРИД 0:0

ВЧЕРА

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:2

ПретходноФФ на Шпанија ќе изгуби 5 милиони евра ако Барса не заврши втора во Ла Лига
СледноВМФЛ: Без победник на “Езерското дерби“!