Полувреме: Моќен Вардар, моќна и Брера, и Шкендија и Тиквеш водат, без голови во Охрид!

329

Завршија првите полувремиња од петте средби од 20.коло во ПМФЛ. Најинтересно бешена Маџари, каде Вардар со головите на Алтипармаковски од пенал, а потоа и на Глишиќ води со 2:0 против Брегалница. Доминантен Вардар, кој има голема поддршка од своите фанови.

Во Турново екипата на Брера ја “гази“ Македонија ЃП и тоа со 3:0, и тоа со головите на Цветаноски, Миловановиќ и Ивковиќ. Ретко кој се надеваше на вака блескаво издание на струмичани.

Шкендија со прекрасниот голо на Шаља во 37.минута има водство против Гостивар во меч кој се игра под Шара. Исто со 1:0 води и Тиквеш против Работнички и тоа со голот на Робертињо.

Во Охрид, каде се среќаваат Воска и Силекс резултатот е 0:0.

ПретходноЈуве со гол во 90+6. минута успеа да го победи Фрозиноне!
СледноФФ на Шпанија ќе изгуби 5 милиони евра ако Барса не заврши втора во Ла Лига