Пријателска во Тбилиси: Нов убедлив пораз за избраничките на селекторот Изов!

215

Денеска во Тбилиси во пријателски меч, прв од двата предвидени, нашата најдобра женска селекција беше поразена од Грузија со 3:0.

Ова беше уште една контрола за избраничките на Кирил Изов за она што допрва следува.

Грузија поведе со голот на Бебиа во 54.минута, додека на 2:0 домашните фудбалерки зголемија осум минути подоцна со голот на Чеминава, која во 83.минута стрелаше за 3:0.

Ништо ново кога станува збор за избраничките на селекторот Кирил Изов.

Инаку на овој меч Изов сметаше на следните единаесет репрезентативки: Ефтинџиоска, Коларовска, Комненова, Лимани, Максути, Панеска, Петкова, Петрушевска, Села, Цоклеска и Велкова.

Играа и Георгиевска, Павловска, Паневска, Панова, Мојсоска, Сулејмани, Цонева.

ПретходноБаерн се спрема на Чаби Алонсо да му понуди 23 милиони евра годишно!
СледноФото на денот: Кај нас на вакви терени се игра прволигашки фудбал!