Срамно однесување на навивачите на Ријека: Го нападнале Адеми и неговото семејство

1035

Срамно однесување на навивачите на Ријека по денешниот меч со Динамо (З) во хрватското првенство. Имено, како што јавуваат хрватските медиуми, навивачите од навивачката група „Армада“ брутално го навредувале капитенот на Динамо (З), нашиот Аријан Адеми, па дури и фрлиле едно столче кон него и неговото семејство.

По нападот интервенирала полицијата и го смирила хаосот. Навивачката група на Ријка предизвика два скандали на дербито против Динамо. Најпрво скандира „Ливаја, умри“, а потоа мета на хулиганите бил и Аријан Адеми. Инцидентот со Адеми се случил скоро половина час по завршувањето на мечот.

ПретходноНевил: Децата на Ливерпул победија губитници кои тежат милијарди фунти!
СледноКанадски тинејџер го собори светскиот рекорд на 400 метри во сала (ВИДЕО)