Тиквеш со лекција за Работнички. Успеа да победи со 2:0 и да обезбеди големи три бода во битката за опстанок.
Четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов беше подобара, имаше повеќе од играта, постигна и два гола.
Посебно треба да се одбележи вториот гол, оној на Кико Стојкоски, инаку некогаше играч на Работнички.
Зимското засилување на Тиквеш од слободен удар мајсторски шутираше во голот на гостите од Скопје за 2:0.