Фудбалската федерација на Шпанија ќе изгуби 5 милиони евра доколку Барселона или Реал Мадрид не завршат на првите две места во шпанската Ла Лига, пренесува „Мундо Депортиво“.
Според изворот, РФЕФ има договор со Саудиска Арабија каде што се одржува шпанскиот Суперкуп во јануари, според кој доколку Барселона или Реал Мадрид ги нема на турнирот, Арапите имаат право да платат пет милиони евра помалку од првично договорената сума.
Вкупната сума која С.Арабија му ја плаќа на ФФ на Шпанија за Суперкупот изнесува 40 милиони евра. Моментално Реал е лидер и тешко дека ќе падне под второто место, додека Барселона се бори да стигне до втората позиција која моментално ја држи Џирона.
Да потсетиме Реал и Барселона не можат да изборат пласман на Суперкупот преку Копа дел Реј затоа што се елиминирани од турнирот. На Суперкупот учествуваат двете првопласирани во Ла Лига и финалистите од Копа дел Реј.