Ѓоргиевска: Шпанија е велесила, од овие дуели можеме да напредуваме!

102

Македонската ракометна женска репрезентација денеска стартува со подготовките за квалификацискиот меч против Шпанија за пласман на ЕП 2024 година. „Црвено-жолтите“ имаат две победи во исто толку одиграни натпревари, против Азербејџан на домашен терен и против Литванија на гости.

Заедно со Шпанија го делат врвот на табелата во групата. Добро е познато дека „фуријата“ е фаворит на оваа пресметка. Амтосферата е одлична, што пак е најважно, а двете средби треба да бидат големо искуство за овие квалификации, кои треба да ги завршиме со печат на нов пласман на ЕП.

Капитенот, Елена Ѓоргиевска ги пренесе своите очекувања за овие два меча.

„Не чекаат два натпревари кои се многу важни за нас, за напредок во ракометот, играме со една велесила како што е Шпанија. Среќна сум што после една пауза повторно сме заедно, се надевам дека ќе биде многу добро. Девојките се позитивни од првиот ден, што пак ветува дека ќе дадеме многу повеќе на дуелите“, изјави Елена Ѓоргиевска.

Ракометарките првиот меч го играат на 29.02 во салата „Борис Трајковски“, влезот е слободен. Втората средба се игра на 03.03. на гостински терен.

ПретходноНаполи во 90+6.минута испушти победа на Сардинија! (ВИДЕО)
СледноДинамо на Ристовски и Адеми со гол од пенал во 90+5.минута успеа да слави во дербито на ХНЛ!